Словенецот Давид Копчиќ (41) починал пред очите на својата сопруга и двете деца, само три часа откако спасил давеник. Настанот се случил пред неколку дена на хрватското приморје.
Копчиќ бил во чамец со своето семејство кога видел човек кој се дави. Без размислување скокнал во водата и го спасил. Откако го однел давеникот на обалата, со пливање се вратил кај своето семејство во чамецот. Тогаш почнал да се жали на болки во градите и забрзано отчукување на срцето.
– Имаше доволно снага само за да го врати семејството до обалата, а кога го врза чамецот падна во несвест. Веднаш дојде помош, но после два часа обиди да се поврати, тој почина од застој на срцето – раскажа за „24сата“ неговиот братучет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.