Вработени во Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, вршејки увид на теренот за состојбата со испорачаната вода во полињата, изутринава забележале труп на удавен човек закачен на решетките од каналот кај село Жиганци.
Од Водостопанство „Брегалница“ информираат дека за случајот веднаш е известена Полициската станица од Кочани и се очекува во текот на претпладнево телото да биде извадено од водите на каналот.
Според нив, ова не е прв случај на пронаоѓање тела на удавени во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница кај селото Жиганци на металната ограда.
Се очекува во текот на денешниот ден да биде идентификувано удавеното лице, а на местото на настанот да излезе и истражен судија и увидна екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Помор на риби во каналот Студенчишта: Тони плашици угинаа, ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско езеро (видео)
-
Извлечен труп од Вардар кај Камениот мост
-
Креаторот Толески сведок на трагедијата во Охрид: Една бабичка до мене рече дека и небото плаче по момчето
-
Црна хемикалија истече во реката Брегалница