Десетгодишно дете од Албанија се удавило во резервоар со вода во дебарско откако сакало да се разлади.
– Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство, изјави Баки Алили, директор на дебарската општа болница.
Според локалната албанска полиција станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени, кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.
Немилиот настан се случил во 17:20 часот, кога за да се разлади влегло во водата од резервоарот на малата централа во селото и почнало да потонува.
Детето веднаш било извадено од вода и поради близната било транспортирано во Општата болница во Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.