| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите во Штип го накитија најголемото велигденско дрво

Здружението на Хрвати во Штип го накитија најголемото велиденско дрво во Македонија, кое е поставено е во холот на универзитетската библиотека „Гоце Делчев“. Дрвото е украсено  со околу 400 велигденски јајца. Минатата година ова здружение во холот на Општина Штип го постави и најголемото велигденско јајце.

veligden

Долорес Кажуба од Здружението на Хрвати во Штип се надева дека наредната година за Велигден дрвото ќе биде уште побогато украсено.
– Сакам на сите верници од католичка вероисповед, како и на сите мои сограѓани да им ги честитам, да се среќни и благословени, и кај сите нас да постои насмевка која ќе не сплоти – изјави Кашуба.
Католичкиот Велигден во Штип го слават 55 семејства, кои го слават и  православниот зашто се работи за брачни двојки од различна вероисповед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top