Tим од истражувачи спроведе експеримент кој покажа дека дури ни 12 јајца неделно не претставуваат опасност од кардиоваскуларни заболувања кај лица коишто имаат предуслови да добијат дијабетес или пак, кај оние што веќе имаат дијабетес тип 2.
– Без обѕир на советите што ќе ги најдете во стручните списанија, нашата студија покажа дека не е потребно да избегнувате јајца, и дека тие ја чинат исхраната здрава… Предрасудите произлегуваат од тоа дека жолчките содржеле премногу холестерол, па тоа ќе влијаело на повишувањето на крвниот притисок и шеќерот, изјави д-р Николас Фулер, автор на трудот.
Кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2 немало ниедна од овие претпоставени состојби по изедени 12 јајца, па според научниците, таа теорија отпаѓа.
– Јајцата се извор на протеини и микронутриенти, кои го подобруваат нашето здравје т.е. влијаат добро на видот, срцето, крвниот притисок и на бременоста, додава д-р Фулер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.