Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, го шокирал медицинскиот персонал во познатата стоматолошка ординација на д-р Лиција Печник во Љубљана.
Тој уредно се јавил на телефонот во ординацијата за да си закаже преглед. Не го открил својот идентитет и по долго убедување од страна на медицинската сестра дека немало слободен термин, откако ѝ се претставил, Новак бил примен по само еден саат.
– Ајде добро, тогаш дојдете за еден час – на крај попуштиле вработените во стоматолошката ординација.
Новак се појавил во ординацијата во договоренеото време. Тропнал на вратата, а кога му отвориле, останале без текст.
– Новак Ѓоковиќ?! – шокирано изговорила асистентката која прва го видела.
Во ординацијата на докторката Луција Печник се воодушевиле од изненадувањето на Ѓоковиќ. Веднаш низ градот почнала да кружи приказната дека Новак е „неверојатен лик“. Неговите џентлеменски манири ги покажал така што на преглед дошол со букет цвеќе за забарката .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.