Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Естонија во полуфиналето од турнирот за првите четири екипи од Европската лига.
Со ждрепка беше решено да игра за финале против непоразената селекција на Естонија, ривал што нè порази двапати во фазата по групи. Турнирот ќе се игра во Полска на 13 и на 14 август.
Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Полска и Словенија, селекција што со две победи против Грција ни помогна да играме на завршниот турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.