Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра на завршниот турнир со најдобрите 4 селекции во Европската лига, а голем удел во подвигот имаа и Словенците.
Тие повторно ја победија Грција со 3-1 и тоа двапати за 2 дена и и овозможија на Македонија да игра на фајналфорот заедно со Словенија, Естонија и со домаќинот Полска.
Првиот дел од работата во завршниот викенд од фазата по групи, избраниците на селекторот Ристоски го завршија сами и тоа со две победи против Полска на гостински терен, па остана Словенците двапати да ја победат Грција. Тоа Словенците и го сторија и ни овозможија со нив да патуваме на завршниот турнир за титулата во Европската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



