| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на хеликоптер и хидроавион крај Москва

хели

Хеликоптер и хидроавион се судрија над вештачкото езеро Истра во близината на Москва, по што остатоците на двете летала завршиле во езерските води.

Како што јави ТАСС, спасувачките екипи на руското Министерство за вонредни состојби досега од водите на Истра извадиле тела на три загинати лица – на едeн маж, осумгодишно дете и 14-годишна девојка.

Во двете летала во моментот на несреќата имало вкупно девет лица и се претпостаува дека сите се загинати. Потрагата по останатите патници во леталата продолжува.

Судирот на двете летала се случил на височина од 500 метри, а нивните остатоци се лоцирани на дното од езерто на длабочина од 13 метри, на меѓусебно растојание од пет метри.

Причините за судирот засега не се познати, а властите покренаа кривична постапка поради „кршење на правилата за безбедност на воздушниот сообраќај што довело да смрт на повеќе лица“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top