Актулниот англиски шампион Челси неочекувано киксна на стартот на новото издание од Премиерлигата и одигра само нерешено, 2-2 против одличната екипа на Свонси.
Домаќините водеа на двапати со головите на Оскар и автоголот на Фернандез, но Свонси успеа да освои бод, откако на двапати израмнуваше со погодоците на Андре Ају и на Гомис од пенал. Челси беше на мака, бидјќи одигра околу 40 минути со играч помалку по исклучувањето на голманот Тибо Куртоа. Ова е само 4 реми на актуелен шампион во Премиерлигата во првиот меч на свој терен во нова сезона, а дури 20 пати прваците победувале, без ниту еден пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



