Нутриционистот Зои Харкомб поминала 20 години во истражување на губењето на килограмите и навиките на прејадување и открила 3 главни здравствени проблеми кои влијаат на потребите за одредени видови на храна: Candida albicans, нетолеранција кон одредени видови храна и хипогликемија.
Но, она што е уште поинтересно е што открила зошто и точно од кои диетални совети може да настанат овие состојби кои ве вртат во магичниот круг на потреба за слатки или други типови на нездрава храна:
Ако се обидувате да јадете помалку, немасно и да ги броите калориите, тогаш овие три работи ќе ви се случат:
1. Ќе јадете повеќе јаглехидрати и помалку масти
2. Ќе ги јадете истите работи секој ден
3. Ќе го ослабете имунитетот.
Токму овие фактори ве доведуваат до можноста за појава на некои од горенаведените здравствени проблеми.
– Ако започнете со нискокалорична диета голема е веројатноста дека ќе завршите како зависник од храна“ – вели Харкомб.
Оваа диета полека ве воведува во одличните навики на исхрана со кои полека ќе ги губите килограмите. Се одвива во 2 фази при што првата трае 5 дена, а втората нема ограничување.
Фаза 1:
Прв ден
Појадок: Сланина и јајца
Ручек: Лосос и зеленчук
Вечера: Кафеав ориз и зеленчук
Втор ден
Појадок: 100g Овесни снегулки со вода
Ручек: Туна салата
Вечера: Месо по избор со зеленчук
Трет ден
Појадок: Омлет
Ручек: Пилешки стек со зеленчук
Вечера: Полнети пиперки со ориз и зеленчук (не месо)
Четврти ден
Појадок: 75g житарици по желба со вода
Ручек: Салата и варени јајца
Вечера: Риба по избор и зеленчук
Петти ден
Појадок: Кајгана со свеж зеленчук
Ручек: Печено пилешко со зеленчук
Вечера: 75g Тестенини по избор со доматен сос
Втората фаза нема одредено мени на исхрана туку правила по кои се придржувате.
Правила на втората фаза:
1. Не јадете преработена храна
2. Не мешајте јаглехидрати и масти
3. Не ја јадете храната од која најчесто се прејадувате
4. Не јадете маринирана храна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



