| четврток, 6 декември 2018 |

11 милиони евра за реконструкција и изградба на нови училишта

Владата соопшти дека издвоила 11 милиони евра за реконструкција и изградба на нови училишта, а програмата треба да се реализира најдоцна до првиот квартал на 2014 година.

– Во рамките на програмата предвидени се над 120 реконструкции во 40 училишта, за кои ќе бидат издвоени над 6 милиони евра. Исто така, предвидена е изградба на 14 модуларни училишта кои ќе бидат изградени претежно во внатрешноста на државата и за овие училишта ќе бидат издвоени над еден милион евра, изјави портпаролот Александар Ѓорѓиев.

Портпаролот најави изградба и на 10 нови објекти и три доградби за големите училишта.

Како што рече Ѓорѓиев, се работи за зголемување на капацитетот на веќе постоечките големи училишта. Нивниот капацитет со овие доградби ќе се зголеми за 40 отсто.

– За оваа намена се издвоени над 4 милиони евра. Овие училишта се наоѓаат на целата територија на Република Македонија, но најголем дел од нив се во Скопје, рече Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев, постои можност програмата да биде дополнета со нови училишта, односно во програмата да бидат опфатени изградба и реконструкции на други училишта.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top