Изложба насловена „Од кујната на Масин“ на познатиот сликар Мирослав Масин ќе биде отворена вечерва (8 август) во Куќата на Уранија, во Охрид.
На неа ќе бидат претставени триесетина керамички чинии кои сликарот ги има изработено кичевското село Вранешница. На секоја од чиниите има препознатливи мотиви на Масин.
Отворањето на изложбата е најавено во 20 часот, а воведен збор ќе има Драги Филевски, раководител на ликовната колонија „Де Ниро“ во Битола.
Изложбата во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена до 18 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.