| четврток, 6 декември 2018 |

Досега собрани над 1 милион денари од телефонски донации за Tетовско

Преку донаторските линии од трите мобилни оператори до денес обезбедена е парична помош од 1.056.900 денари за настраданите во поплавите во Тетово и тетовско.

tetovo-7

Црвениот крст соопштува дека на сметката на Фондот за солидарност на ЦК, уплатени се вкупно 81.350 денари.

Црвениот крст денес ја заокружува првичната дистрибуција на хуманитарна помош за настраданите семејства погодени од невремето.

Како дополнителна помош за семејствата од Шипковица се дистрибуираат 200 ќебиња, 30 душеци, 20 пакети облека, 50 јакни, 120 фармерки, 25 пара детски патики и 40 пара машки чевли.

Донирај за Тетово

075/070/078 143-400

Сметка на Фонд на солидарност

300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top