| четврток, 6 декември 2018 |

Привремениот претседател на Венецуела ги обивни опозиционерите дека се „наследници на Хитлер“

Вршителот на должност претседател на Венецуела Николас Мадуро ги обвини припадниците на опозицијата дека се наследници на Хитлер и дека се одговорни за протерувањето на кубански лекари кои работат во Венецуела на начин како што тоа го правеле нацистите со Евреите.

–      Кампањата против Куба е кампања против Евреите во хитлерова Германија. Овие хитлерови наследници водат кампања против кубанскиот народ во Венецуела, обвинил Мадуро.

Острите обвинувања се во рамките на претседателската кампања за изборите закажани за 14 април.

Според анкетите Мадуро има голем предност во однос на опозицискиот кандидат Енрике Каприлес, јавува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top