| четврток, 6 декември 2018 |

И земјоделците во Прилепско ќе бидат обесштетени

прилеп

Околу 20 хектари со градинарски култури и тутун беа зафатени од невремето во понеделникот во атарот на прилепско Мало Коњари, оцени заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по денешната посета на терен.

Во придружба на надлеќните од општина Прилеп, Костадиноски беше и во селото Мажучиште од каде порача дека земјоделците ќе бидат обесштетени.
– Ги повикувам земјоделците да ги пријавуваат штетите во општинската комисија за елементарни непогоди и согласно роковите, елаборатот да биде доставен до владинарта комисија за проценка на штети. Ве уверувам дека Владата ќе помогне во рамки на своите надлежности, а помага и во субвенционирањето на осигурувањето на родот, изјави Костадиновски.
Тој потсети дека има уште време за пријавување за осигурување на родот до крајот на август и за да се користат субвенции.
– Владата субвенционира 60 проценти од полисата за осигурување  и има време земјоделците да го осигураат годинашниот род до 31 август. Веќе проценителите од осигурителните компании се на терен. Мора да кажеме дека според процените за климатските промени, Македонија се наоќа во првите 10 земји кои најмногу ќе бидат погодени од последиците на климатските промени. Затоа Владата  овозможи мерка преку субвенциите со која има по 300.000 денари од корисник за осигурување на родот, рече Костадиновски.
Износите се веќе определени во програмата за 2015 година и се очекува бројот на осигурувањата да се зголеми.
– Податоците укажуваат дека лани за целата година се исплатени субвенции за 2.000 корисници, а сега пред завршување на рокот има преку 3.000 земјоделци кои го осигурале родот – изјави Костадиновски.
Земјоделците од Мало Коњари на заменик-министерот му ги покажаа површините зафатени од невремето, објаснуваќи колкави се штетите.
– Имам оштетен пипер од три хектари. Имаше глрад и поплава. Зафатена е целата површина. Има скапани пиперки, скршени и легнати корења. Има делови кои се 100 отсто оштетени, а други се 50 проценти. Првично штетите се околу 20.000 евра – рече Александар Мицаноски од Мало Коњари.
Круме Јонзоски од Мало Коњари кој има три декари осигуран пипер и четири декари неосигуран тутун, рече дека родот му е 40 до 50 отсто оштетен.
Според Никола Димески, претседател на Советот на општина Прилеп и претседател на Кризниот штаб, досега до Комисијата се поднесени 135 барања за штети од невремето.
– Од нив 25 се однесуваат на поплавени објекти во градот, а 110 се за штети на земјоделски површини опфатени, пред се, со градинарски култури и со тутун. Најмногу, 80 отсто од барањата, се од Мало Коњари и од прилепско Мажучиште. Бројката ќе се зголемува и ги повикуваме земјоделците да ги пријават штетите, а рокот е до 11 август – рече Димески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top