| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Макрадули глуми и манипулира

gordana jankulovska

Сосема очекувано е дека во недостиг на проекти, програма и визија за Скопје, Јани Макрадули ќе продолжи да ја манипулира јаноста и да глуми и пратеник и министер и градоначалник. Не значи дека доколку со неговите колеги насилно седнаа на местото на Претседателот на Собранието или пак доколку насилно се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон граѓаните им дале мандат да го водат Собранието или МВР, се вели во писманата реакција од министерката од МВР,насочена кон кандидатот за градоначалник на Скопје од здружената опозиција, Јани Макрадули.

„Лажеа за двојните лични карти во Охрид лажеа за турските студенти и кој знае за што уште нема да лажат по шамарот кој им го удрија граѓаните пред една недела. Најмалку што може Макрадули е да покаже трошка чест, храброст и убеденост дека ќе ја добие подршката од граѓаните во недела со поднесување на оставка од пратеничката функција. Доколку утре Макрадули не ја врачи својата оставка до Претседателот на Собранието на Трајко Вељановски јасно е дека и тој самиот не си верува. Ниту јас ниту МВР нема да дозволиме да не вовлече во кампањата колку и да му треба помош“, се вели во реакцијата од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top