Владата најде решение за земјоделците кои поради нерегулиран долг кон водостопанствата, не успеаа да ги добијат субвенциите од минатата година.
Ќе се извршат измени во законот за земјоделство и рурален развој. Со тоа тие ќе имаат можност долгот да го подмират до 30 октомрви годинава. Потоа да апицираат и за субвенциите од оваа година, но и за оние од лани.
За модернизација и нова техничка опрема на водостопанските претпријатија владата ќе одвои над 5 милиони евра.
Со покирвање на 50 проценти од трошоците, држвата ќе им помогне на индивидуалните земјоделци во своето работење да ги воведат и бунарските системи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.