| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето за „Пуч“ одложено за 7 септември

Судењето за случајот Пуч е одложено за 7 септември, поради отсуството на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е еден од обвинетите.

zaevpucc

Судиката Љубинка Башеска констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и дека нема никакви сознанија за тоа зошто не се појавил пред Судот.

 

Во случајот Пуч обвинети се поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top