Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна четвртата победа во групата од Европската лига откако попладнево ја совлада Австрија со 3-0 (25-18, 25-17, 26-24) во сетови во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со овој триумф нашите одбојкари ги задржаа шансите за пласман на завршниот турнир од Европската лига.
Во завршницата Австрија имаше сет топка (24:23), која нашите одбојкари ја одбранија, а потоа со уште два поена го добија сетот со 26:24.
Најдобар поединец на дуелот беше Јовица Симовски. Македонија и Австрија утре ќе одиграат уште еден натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
Во групата А по седум одиграни натпревари Естонија е прва со 20 бодови, Македонија се проби на втората позиција со 13, Полска има 12, Австрија остана со 9, Данска има 5, а Израел е последен со 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.