| четврток, 6 декември 2018 |

Најромантичните „Омажи се за мене“ на домашната естрада

Маја Сашек кажа „да“ во Италија

maja sasek

Манекенката Маја Сашек, која кон крајот на минатиот месец се заколна на вечна љубов во Грција и направи свадба каква што секоја невеста може само да посака, сегашниот сопруг, а тогаш дечко, Дејан Пановски ја запроси во Италија.

Чинот беше многу романтичен и беше проследен со песната “That’s amore” од Дин Мартин. Ме запроси во Равело, Јужна Италија, кое е едно од најубавите места кои некогаш сме ги посетиле заедно”, откри тогаш убавицата која, ако може да и с еверува на чаршијата, е во блажена состојба и очекува принова.

Диме клекна на колена среде концерт

dime

Димитар Андоновски на хуманитарниот концерт одржан во Битола јавно ја запроси својата девојка Христина од Прилеп, која возбудена кажа “ДА”.

Пеејќи ја песната “Разбудиме на полноќ”, песна која и ја има посветено токму незје, пејачот ја побара раката на својата сакана со што ја крунисаа нивната десетмесечна врска.

Сфатив дека таа е вистинската за мене и дека нема зошто веќе да чекам. Спонтано го спремав планот и сакав да биде посебно. Се решив да ја побарам за време на концертот, бидејќи е нешто што ќе ни остане во сеќавање на двајцата. И ја посветив мојата песна “Разбудиме на полноќ” и со таа песна ја запросив.Го направив на еден посебен начин и тоа ќе ни остане засекогаш во спомените”, ни откри идниот младоженец.

Тамара доби прстен во омлет

tamara11

И Тамара се наоѓа на листата среќни познати дами кои имале чест да бидат романтично запросени. Нејзиниот избраник, екскошаркарот Мачка ја побара за сопруга за време на нивниот заеднички појадок, а прстенот го ставил во омлетот кој го јадела пејачката.

Откако му одговорила со “да”, веднаш заминале кај татко и, каде традиционално ја побарал уште еднаш нејзината рака.
Свадба направија минатиот месец, а на неа присуствуваше пола естрада.

Извор: Вечер

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top