| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тужба против „Епл“

Работниците во Калифорнија кои работата за гигантот Епл се жалат и ќе поднесат тужба против челниците на Епл.

Се работи за односот према вработените, како што изјавиле тие, велат дека се случувало да бида задржувани и по 20 минути после работното време, но не е во прашање времето туку тоа што задржувањето е резултат  на тоа што тие по завршувањето на секој работен ден истите ги претресуваат, нивните актовки, чантите итн.

Претресите траеле скоро по 20 минути, а шевовите велеле дека тоа е процес од неколку секунди, но и понатаму нема никакви реакции од шефовите.

Исто така нешто за што се пожалиле вработените е тоа дека доколку нивниот шеф ја нема завршено својата работа на време, тие морале да останат сите и да го почекаат се додека тој не го изрши она што го наумил.

Одлуката за масовната тужба се темели на 12.400 вработени.

Судењето почнува на 25 ти јануари наредната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top