| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа се случи, „Епл“ стана прва компанија вредна билион долари

„Епл“ стана првата компанија на берзата коај достигна вредност од билион долари. Компанијата денеска ја достигна целта која беше незамислива во 1997 година, кога „Епл“ беше на раб на банкрот, а акциите се движеа под еден долар.

За да преживее, компанијата на челната позиција го врати својот основач – Стив Џоб, кој потоа ги претстави популарните поризводи како ајпод и ајфон, со што доведе до подем на фирмата.

Акциите на „Епл“ пораснаа за 2,7 отсто и достигнаа вредност од 207,05 долари. од почетокто на годинава, акциите на компанијата забележаа пораст од 22 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top