Босанскиот интернационалец и напаѓач на Манчестер Сити, Един Џеко, ги договорил личните услови со Рома, пренесува Скај Спортс. Како наведува угледниот англиски медиум, трансферот ќе биде реализиран до крајот на неделата и Џеко ќе биде претсавен на навивачите на „римската волчица“.
Репрезентативецот на БиХ е подготвен ведаш да замине во Рим и да ги заврши лекарските прегледи, а според информациите од островото Манчестер Сити нема да прави проблем околу трансферот.
„Граѓаните“ ова лето ќе се ослободат од двајца врвни напаѓачи па во шпицот остануваат само Агуеро и Бони. Се очекува менаџерот Мануел Пелегрини да доведе уште еден фудбалер на оваа позиција.
Џеко мина четири години во Манчестер одигра 130 меча, а беше стрелец на 50 гола.
Рома сеирозно се засилува ова лето. Покрај Џеко во тимот веќе пристигна голманот Шчесни, а во наредните денови ќе биде преставен и Мохамед Салах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)