За седум години Индија ќе биде најнаселената држава на планетата и ќе ја престаса Кина, не во 2028-та, како што претходно се сметаше, туку во 2022 година, се прогнозира во извештајот на агенцијата за популација на Обединетите нации. Според овој документ, бројноста на населението во Кина, која во моментов има 1,38 милијарди жители, практично нема позначително да се измени до 2030-те години, а потоа и постепено ќе се намалува. Во Индија овој показател се зголемува од 1,31 милијарди до 1,4 милијарди луѓе во 2022 година, до 1,5 милијарди во 2030-те и до 1,7 милијарди луѓе во 2050 година.
Според процените на експертите на ОН, населението на Земјата од сегашните 7,3 милијарди ќе се зголеми на 8,5 милијарди во 2030-та, а на 9,7 милијарди луѓе во 2050 година. Како што претпоставуваат демографите, кон крајот на XXI век на планетата ќе живеат 11,2 милијарди луѓе. Во 2050 година трите најнаселени земји во светот ќе бидат Индија, Кина и Нигерија, кои сега со околу 180 милиони жители се наоѓа на седмото место, и ќе ги потисне САД. Во првите десет најнаселени земји на половината од веков ќе бидат и Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Мексико, Бразил и Русија.
Во извештајот, исто така, се истакнува тенденцијата на стареење на човештвото. Во 2050 година, бројот на луѓе на возраст над 60 години ќе се зголеми двојно, а во Европа во истиот период бројот на старите лица ќе надмине 34 отсто од популацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.