Агенцијата за лекови тврди дека во земјава нема од спорните генерички лекови, кои Европската унија наложи до 21-ви август да се повлечат од продажба по препорака на Европската агенција за лекови (ЕМА) поради сомнеж дека се лажирани резултатите од клиничките тестови правени во компанија за истражување во Индија, објави весникот „Вест“.
Марија Дарковска-Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови, вели дека препораката од Европската агенција за лекови ја добиле на 7-ми овој месец, со која се повлекуваат лекови од пазар поради неправилности во спроведување на биоеквивалентните студии „Квест Лајф Сајнсис” во Индија.
– Граѓаните не треба да се грижат за лековите кои ги земаат како терапија или ги добиваат во здравствените установи, бидејќи ја гарантираме безбедноста и квалитетот на секој лек што по легален пат влегува во државата – вели Дарковска-Серафимовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



