| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на Интерпол: Запленети 500 тони лажни лекови во 116 земји

Во координирани полициски акции, спроведени во 116 земји запленети се 500 тони недозволени фармацевтски производи достапни на интернет.

Запленети биле лажни лекови против рак и против болки, соопшти „Интерпол“.

Како што е наведено, операцијата под името „Pangea XI“ доведе до 859 апсења ширум светот и запленети фармацевтски производи во вредност од околу 14 милиони долари кои се потенцијално опасни, пренесе „Ројтерс“.

„Се фокусиравме на услугите на достава кои ги организираа криминални мрежи и во рамки на операцијата укинати се 3,671 линк, вклучувајќи сајтови, страници на социјалните мрежи и онлајн пазарот“, наведе „Интерпол“.

Ова е втора акција за запленување на лекови што Интерпол ја спорведе месецов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top