| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со краставици

Краставиците поволно влијаат на тенот, а тие исто така се и познат диуретик кој ја стимулира работата на органите за варење и го прочистува организмот. Помагаат да се исфрли вишокот вода од телото кој особено се собира ако се консумира конзервирана и солена храна. Според тоа, оваа диета е особено популарна за прочистување на органите за варење и за решавање на проблеми со акни, односно за прочистување на кожата.

salata-odj-praziluka-i-krastavaca

Главната состојка на диетата со краставици e познатиот таратур, односно краставица со јогурт или павлака, но без сол, со природни зачини како магданос, босилок и слично.

За секој оброк се преливаат 300-400 грама излупени и исецкани краставици со 200 мл. јогурт или кисела павлака. Дневната количина на краставици треба да биде околу 1 килограм. Вклучени се и две ужини за кои се јаде мала количина овошје: една банана, јаболка, круша или портокал. Оваа прилично строга диета многумина ја надополнуваат со парче интегрален леб. Ако решите да вклучите и интегрален леб, количината не треба да надминува 60 грама дневно, а се препорачува тоа да биде парче леб со ручекот.

Вечерата се состои од 50 грама варено месо и едно варено јајце. Се дозволува и кафе или чај со една коцка шеќер. Настојувајте последниот оброк да ви биде околу 8 часот вечерта. Кога ќе се пресмета се заедно, во еден ден на диетата со краставици се внесуваат само околу 900 калории. Поради малиот број на калории диетата не смее да се држи подолго од седум дена, за кои можете да изгубите околу 5 килограми.

Диетата е многу едноставна и евтина бидејќи вклучува храна која лесно се подготвува, која ја има насекаде, и не е скапа. Посебно е поволна за држење во летните месеци кога и онака организмот не бара многу храна, посебно не масна и калорична.

И оваа диета е една од низата брзи диети која мора да се држи само ограничено време бидејќи во неа недостасуваат многу хранливи состојки. Ако сакате диета со брзи резултати тоагаш оваа диета е одличен избор да се изгубат неколку килограми за кратко време, без некои посериознио одрекувања и последици по здравјето. Сепак, не се препорачува како долгорочен план за слабеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top