| четврток, 6 декември 2018 |

Поповиќ се пожали кај хрватскиот премиер: Северина прави ријалити ѕвезда од нашиот син

Српскиот бизнисмен и поранешен свршеник на хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ (43), Милан Поповиќ (48) му испратил жалба на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и на уште неколку надлежни институции поради начинот на кој Северина го третира нивниот тригодишен син Александар, пренесува хрватски „Т портал“

Во писмото, кое освен до Милановиќ стигнало и до министерката за социјална политика Миланка Опачиќ, првобранителка за рамноправност на половите Вишња Љубичиќ, Поповиќ наведува дека е уверен дека неговата поранешна свршеница ги крши правата на дететот кои му се загарантирани со законите на Република Хрватска, и ги игнорира начелата на заедничкото старателство.

seve

– Северина Вучковиќ со очигледна намера да си обезбеди постојано внимание во медиумите на секој можен начин, нашиот син Александар, кој има 3,5 години, намерно и секојдневно на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, го изложува пред очите на јавноста и на штетното медиумско влијание, објавувајќи негови фотографии, видео записи, како и коментари на социјалните мрежи кои го вклучуваат и него. Овие нејзини објави на социјалните мрежи предизвикуваат понатамошно пренесување на информациите и коментарите за детето и неговите фотографии и видео-записи на електронските медиуми, по што неговите фотографии и информации за него се пренесуваат и по останатите печатени медиуми низ целиот регион – наведува Поповиќ во својата жалба.

Тој додал дека за сето тоа го предупредил и Центарот за социјална заштита, но не добил повратна реакција.

– Од подоцнежните реакции на Северина Вучковиќ на ова предупредување  упатено до институциите за социјална заштита, може да се заклучи дека таа се смета за голема ѕвезда за која не важат правилата и законите – истакнал Поповиќ и додал дека е уверен дека Северина на тој начин од нивниот син создава материјални добра и прави профит.

– Почитувани господа, мојот тригодишен син Александар живее во т.н, реално шоу од типот на „Големиот брат“ во кој непознати луѓе секојдневно го следат и честопати коментираат на највулгарен и застрашувачки начин. Со таа разлика што овде не се работи за тв-емсија во тв-студио, туку се работи за тоа што мајката е креатор, иницијатор и режисер на овие „настапи“ на детето, а кои претставуваат секојдневно следење на животот на мојот син – стои во жалбата.

Поранешниот свршеник на Северина потсетува дека поради повреда на приватноста на детето ја пријавил Северина, но дека пријавата е отфрлена. Тој се чуди што државното обвинителство не реагирало по службената должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top