Пилотот на авионот на американската нискобуџетна авиокомпанија „Алегиант ер“ поради проблем со горивото кружел околу меѓународниот аеродром Фарго Хектор во Северна Дакота и барал дозвола за слетување, но контролорите му забраниле да го стори тоа, бидејќи акробатска група во исто време вежбала во воздушниот простор.
Во таа драма кога повеќе од 100 патници биле во паника и се плашеле за својот живот, на пилотот му било препорачано да оди 110 километри од тоа место на најблискиот аеродром, по што пилотот панично предупредил дека нема доволно гориво и потребно е веднаш да се исчисти пистата.
– Пилотот на летот 426 која леташе од Лас Вегас за Фарго пријави недостаток на гориво на аеродромот Хектор, по што сигурно слета. Во моментов истражуваме кои се причините за неговото слетување, изјавил портпаролот на авиокомпанијата.
Во меѓувреме, вознемирувачката аудио снимка од разговорот се појави на интернет. Контролорите најпрво му велат на пилотот дека дозвола за слетување ќе добие за 20 минути.
– Немам 20 минути. Ако не го искоординирате слетувањето, ќе морам да прогласам итен случај и да слетам. Имате три минути да ми ја исчистите пистата – рекол пилотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.