| четврток, 6 декември 2018 |

Нова базична линија на Ивана Кнез

Модното студио „Драма“ ги презентираше новите модели машка и женска маица, за него и за неа со слоганот: Drama. You need more in your life.

  • Драма, драма, драма! Секому му треба повеќе позитивна драма во неговиот живот. Тоа нам не потсетува дека сме живи и дека не се плашиме од ништо. Предизвик на брендот „Драма“ беше да ја креира новата едиција на машка и женска маица, буквално за секојдневната драма во нашите животи – вели Ивана Кнез, модна дизајнерка.


Фотосесијата и видеото се режирани и продуцирани од Дарко Митев, кој е долгогодишен соработник на брендот. Како главни улоги во оваа „Драма“ приказна се Ивана и Павел, во соработка со светскиот бренд Levi’s и нивните безвременски модели на фармерки.

Моделите на маиците ќе бидат достапни само по нарачка во „Драма“ и онлајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top