Познатиот хрватски тренер Лино Червар (68) деновиве поминува низ тежок период од неговиот живот. Неговата сопруга Клаудија (67) има тумор.
- Ја водиме најтешката животна битка. Не е лесно кога е болен некој кој толку многу ви значи. Морам да бидам покрај неа во овие тешки моменти бидејки таа секогаш беше тука за мене. Тоа е жена која е заслужна за сите мои успеси. Се што постигнав во животот, на неа треба да и заблагодарам. Се надевам и верувам како на крајот, со помош на Господ ќе ја добиеме оваа битка. На крајот се ќе биде добро , изјавил Червар за 24sata.hr.
Дека поминува низ тежок период на почетокот знаеле само најблиските, но сега и целата јавност. Од клубот имале разбирање за неговата состојба.
-Застанаа зад мене веднаш штом се дозна. Кажав дека ќе пропуштам некои од гостувањата. Ќе бидам покрај играчите на сите гостувања на Лига на шампиони, но ќе пропуштам некои во СЕХА лигата, рекол тренерот.
Лино и Клаудија се заедно 40 години а се запознале на танц.
-Во наше време важните денови се одбележуваа со танцови а ние младите момчиња таму идевме да најдеме девојки. Но, таа вечер таа ме улови мене. Прво ми рекоа дека ме гледа а потоа кога поминуваше покрај мене ме повик на танц. Замисли девојка да те повика на танц. Тоа не ми се допадна баш, дури и се распрашував подоцна која е таа девојка толку слободна да ме повика на танц. Кога дознав која е за малку ќе си го прегризев јазикот, прерано ја дијагностицирав. Многу брзо сфатив дека Клаудија е вистинската личност за мене. Во животот има ве важни работи- семејството и ракометот. Работев 23 години во странство и се што заработив е за моите две ќерки и пет внучиња, изјавил тренерот за 24sata.hr .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.