Најдобриот стрелец на РК Вардар во изминатите две години во Лигата на шампионите, „летечкото“ крило Тимур Дибиров следната сезона ќе има силна конкуренција на својата позиција бидејќи за Вардар потпиша македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој има сличен стил на игра со Русинот, знае да истрчна молњевита контра, да биде фантастичен во одбраната и да постигнува многу голови.
Освен на позицијата лево крило, тренерот Раул Гонзалес е на слатки маки, бидејќи тимот е засилен со уште нови пет играчи кои ќе ја засилат конкуренцијата на сите позиции.
По ждрепката за групи од Лигата на шампионите, на Дибиров му се оствари желбата Барселона да дојде во Скопје во рамките од групната фаза.
– Вардар е доволно јак да ја победи Барселона. Претходните две сезони беа тешки за нас бидејќи не ја остваривме посакуваната цел. Можеби првата сезона и не беше толку, но, лани , сакавме и живееме само за тоа да стигнеме до Ф4. Беше разочарување за нас. Не сакам до крај на сезонава да зборувам за тоа, зашто тоа е голем притисок за нас, од навивачи, од управа. Ние сме играчи и тешко ни е кога нема нешто да оствариме. Сега сум среќен сум бидејќи имаш добра екипа кога на секоја позиција имаш по два одлични ракометари. Секој голем клуб работи вака, да има два-три добри ракометар. Ако сакаме доби резултати, ни треба и да имаме ротација на секоја позиција – вели Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


