Чувајте ги кондомите на ладно место
Со покачувањето на температурите, расте и желбата за секс. Но, високите температури освен тоа, ги оштетуваат и кондомите. Не оставајте ги во автомобилот или на места изложени на сонце бидејќи може да се оштетат. Така се зголемува и ризикот од сексуално преносливи болести и несакана бременост.
Страстите во вода го зголемуваат ризикот од СПБ
Секс во базен можеби звучи интересно, но не е најдобра идеа, сметаат експертите. Водата го измива природниот лубрикант кој телото го лачи и освен непријатното триење се зголемува и ризикот од бактерии и вируси. Поради тоа е поголем и ризикот од сексуално преносливи болести и инфекции на мочните патишта. Кондомот може да ги спречи преносливите болести, но се оштетува од хлорот во базенот. А не помалку опасен е и сексот во море или река.
Доброто расположение може да го расипат инсектите
Кај сексот во природа, освен на приватноста треба да внимавате и на опкружувањето. Инсектите и отровните растенија за миг можат да ви го расипат расположението, предизвикувајќи оштетеност и непријатен осип на гениталиите. Исто така, треба да се земе во обзир и сонцето кое може да предизвика изгореници и дехидратација.
Лижењето алкохол од телото може да предизвика изгореници
Пиењето алкохолни пијалоци, како на пример текилата од стомакот, во жешките денови не е најдобра идеа. Лимонот на кожата може да остави изгореници особено ако сте изложени на директно сонце.
Не плашете се од потта, таа ве прави уште попривлечни
Иако мирисот на пот не е пријатен, потта за време на секс ги привлекува партнерите. Со потењето се ослободуваат феромони кои го поттикнуват делот од мозокот задолжен за сексуален нагон и желба. Тоа ве прави посакувани.
Секогаш имајте вода покрај креветот
Сексот во летните денови предизвикува повеќе потење и делува како мини тренинг. Се губат многу течности па важно е да ги надокнадувате со редовно пиење вода. Добро е покрај креветот секогаш да имате чаша вода или пак во предиграта да користите коцки мраз.
Не брзајте
Високите температури се виновни за зголеменото потење кое може да биде непријатно и да го расипе расположението. Наместо тоа најдобро е да забавите и да уживате во страстите. И жените и мажите доживуваат појак оргазам ако дејството се одвива бавно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


