По објавувањето на вчерашната АТП-листа, Новак Ѓоковиќ е 56 недели по ред на првото место и со тоа го помина Рафаел Надал на вечната листа.
Според бројот на поени што ги има Ноле (13.845), дури 4.000 повеќе од Роџер Федерер (9665), речиси со сигурност е дека сезоната ќе ја заврши на првото место и уште повеќе ќе се искачи на вечната листа на најмногу поминати недели на првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ за две недели ќе го помине и легендарниот Џон Мекинро (58), а неприкосновен е „кралот“ Федерер со дури 237 недели по ред поминати на првото место.
По Ѓоковиќ и Федерер следуваат Стен Вавринка, Кеи Нишикори, Томаш Бердих, Давид Ферер, Милош Раониќ, Марин Чилиќ, а најдобрите ги затвора Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.