| четврток, 6 декември 2018 |

Дете загина од залутан куршум во Гостивар

Залутан куршум погодил десетгодишно дете во Гостивар, кое подоцна е пренесено во болница во Скопје, но лекарите не успеале да го спасат и тоа починало утринава.

policija-2

– Информацијата засега никој официјално не ја потврдува, освен наши извори во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кои нè информираа дека родителите го донеле детето во Скопје мислејќи дека му се слошило – пишува „Нова Македонија“.

Подоцна, по интервенција на лекарите се утврдило дека тоа е погодено, најверојатно, од залутан куршум и по повеќечасовна лекарска интервенција им подлегнало на раните. Се очекува наскоро и официјална потврда од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top