Американската агенција за мерење на рејтингот „Фич“ ја потврди оцената на кредитниот рејтинг на Белгија на „АА“, со натамошна негативна прогноза, пренесе МИА.
Ова, всушност, значи дека во среднорочен период третата најдобра оцена што досега ѝ е дадена на Белгија би можела да се намали.
При оценувањето, агенцијата „Фич“ го земала предвид нивото на јавниот долг, ситуацијата со буџетот, меѓународната кредитна позиција на земјата, индексите на економска стабилност и релативно силната влада.
„Фич“ предвидува дека годинашниот белгиски долг ќе се зголеми од 106,6 отсто домашен бруто-производ на 107 проценти, за до 2020 година да се намали под 100 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.