Почина хаџи Јакуп ефенди Селимовски, директор на Секторот за образование и верски прашања во Исламската верска заедница и поранешен нејзин поглавар.
Јакуп Селимовски беше последниот реис-ул-улема на ИВЗ на поранешна Југославија. Тој починал денеска по кратко боледување.
Погребот на Селимовски, како што јави „Порталб“, е закажан за сабота во Кичево, по пладневната молитва.
ИВЗ изрази сочуство до семејството и до пријателите по повод смртта на Селимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.