| четврток, 6 декември 2018 |

Параглајдерист слетал на земја, му се слошило и починал

М.Ќ.(47) од с.Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над с.Сермин-гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15:00 часот.

– Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top