Со објавувањето на годинешниот Извештај за трговија со луѓе на Стејт департментот на САД за 2015, Соединетите Држави денеска и честитаат на Македонија што повторно го постигна статусот на земја од 1. категорија.
– Напорите на Владата на Македонија во борбата против овa ужасно злосторство во изминатата година вклучија гонење и пресуди за полициски службеници за вмешаност во трговија со луѓе, иницијатива за идентификување на деца-жртви и нивно пријавување во организации што нудат помош, како и значително зголемување на буџетот за заштита и поддршка за жртвите. Ја охрабруваме Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера, и се надеваме на понатамошно партнерство со Македонија за ова, но и за други витални прашања од областа на владеењето на правото, стои во честитката од САД до Република Македонија.
Во извештајот од Стејт департментот стои и дека Владата на Македонија целосно ги исполнува минимум стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



