Охридската полиција поднесе кривични пријави за кражба против Д.Л. (38), босански државјанин и против В.Р. (65) и Р.С.(51) српски државјани.
На 22 јули, во периодот од 00,30 до 03,00 часот во хотел „Ди Англо“, кој се наоѓа на ул. „Петар Чаулев“ во Охрид, пријавените во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари.
Од страна на судија од претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


