Во неформална, лежерна и многу пријатна атмосфера денеска во скопското кафуле „Менада“ во Стара ;аршија беше промовиран новиот албум на кубанскиот музичар Оскар Салас и неговиот ансамбл „Kубалкан“. Изданието е на Скопскиот џез-фестивал под наслов „Незавршена работа“ (Unfinushed Business). Ова е 36 ЦД излезено на Скопскиот џез-фестивал, информираше Оливер Белопета, директорот на Скопски џез-фестивал.
– Ова ЦД е едно од нашите најдраги и најуспешни изданија и не е срам да се изнесува надвор од државата. Албумот на Оскар Салас е прва соработка на македонски и кубански музичари – изјави Белопета на промоцијата.
Продуцент на изданието е Тони Kитановски, кој ја компонира нумерата „Play is the work of children“. На албумот работеа и Оскар Валдез, Боби Мартинез, Нелсон Падрон, Дамир Имери.
Оскар Салас ѝ е познат на нашата јавност по настапите со Тони Kитановски, а и со Георги Шарески. Тој живее во Македонија веќе неколку години.
– Се чувстувам како да припаѓам тука. Имаме уште незавршена работа тука во Македонија – изјави Кубанецот Салас.
Салас има соработувано и со легендарниот Дејвид Брн на албумот и турнејата „Rei Momo“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.