| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел паднала од столица на среде ресторан

Германската канцеларка Ангела Меркел доживеала непријатна ситуација во еден ресторан во Германија, пишуваат светските медиуми.

меркел

Најмоќната жена во светот паднала од столица на среде ресторан.

Иако првобитно медиумите објавија дека Меркел се онесвестила, портпаролот на Меркел демантираше, соопштувајќи дека се работи за мала несреќа без последици.

Столицата на која седела Меркел одеднаш пукнала, а германската канцеларка паднала на подот. Настанот се случил на еден фестивал на опера. Имало пауза на операта во три чина, а канцеларката по падот се вратила да ја догледа операта до крај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top