| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески бара од „Визер“ повеќе авионски линии до Охрид

 Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, бара начин како да ги зголеми авионските летови до Охрид. Тој деновиве имал работна средба со извршните директори на „Визер“, претставници од Министерството за транспорт и врски и со претставници на ТАВ.

Бакрачевски барал начин како да се зголеми фреквенцијата на летови на охридскиот аеродром.

– Фундамент на секој развиен регион без кој не може да се замисли економскиот раст и развој, но и она без што во иднина ние не можеме да замислиме  унапредување на туризмот во градов е стабилен  и континуиран авионски сообраќај. Имавме мошне конструктивни разговори околу можностите и капацитетите на овој регион, за реализација на поголем број летови од охридскиот регион. На иста маса ги седнавме луѓето од компанијата „Визер“, од ТАВ и претставниците од експертската јавност и разменувавме идеи и предлози на кој начин, ние како локална самоуправа, можеме да дадеме наш придонес во субвенционирањето што Владата на Република Македонија го чини изминатиов период во поглед на летовите. Целта е да проработи охридскиот аеродром онака како што треба и мора да работи и на тој начин да ја зголемиме фреквенцијата на летови од овој аеродром, кој понатаму ќе води кон забрзан развој на туризмот, односно привлекување  странски инвестиции и економски раст и развој на општината – изјави Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top