Кошаркарската федерација на Македонија на својот официјален портал објави шокантна информација дека го разрешила селекторот на сенироската репрезентација Алексадар Џикиќ.
Македонската Кошаркарска Федерација со консенсуална одлука на Комисијата за итност и апровација на телефонски консултираните членови на Управнио Одбор:
-Го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација г-динот Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во Органите на Федерацијата, заблагодарувајќи му се за досегашната работа со Репрезентацијата – стои во соопштението на МКФ
Александар Џикиќ со успех го водеше националниот состав во квалификациите за Европското првенство минатата година кога со подмладен состав успеа да се пласира за уште едно ЕП во контуниутет.
Зачудува одлуката на МКФ бидејќи ЕП што нашата репрезентацијата треба да го игра во групата во Загреб, Хрватска ќе започне за еден и пол месец, додека подготовките требаше да започнат за три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.