| четврток, 6 декември 2018 |

„Винер“ ја презеде „Кјуби Македонија“

winer

„Виена иншуренс груп“ и официјално стана сопственик на АД „Кјуби Македонија“ со купување на акциите издадени од осигурителната компанија, потврди и Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Како што соопшти Комисијата, „Виена иншуренс груп“  се стекнала со вкупно 666.496 обични акции, кои обезбедуваат учество од 92,9 проценти од вкупниот број акции со право на глас издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување „Кјуби Македонија“.

Соопштено е дека понудата за откуп ја прифатиле 384 иматели на вкупно 585.679 обични акции на  „Кјуби Македонија“, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, кој продаде 45 обични акции и 80.817 приоритетни акции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top