Мувите освен што се здодевни, тие можат да бидат и опасни!
Мувите може да предизвикаат мноштво проблеми, особено кога е во прашање контамирањето на вашата храна. Иако обичната домашна мува не ги каснува луѓето, со контамирањето на храната може да пренесе болести како што салмонелоза, маларија и туберкулоза
Еве и неколку многу практични и ефикасни начини да се ослободите од здодевните муви
1. Земете проѕирна кеса, малку вода, неколку монети и јаже за врзување. Кесата до половина наполнете ја со вода, ставете ги внатре металните парички, а кесата врзете ја и обесете ја пред влезната врата или пред вратата или прозорците од терасата.
2. Во обична тегла сипете до висина од три сантиметри детерѓент за садови и исто толку вода. Детергентот ќе ги привлече мувите, кои потоа ќе се удават во водата. Многу подобри резултатите ќе имате ако користите некој детерѓент за садови кој има овошен мирис, на пример, од јаболко или лимон.
3. Мувите бегаат и од мирисот на лутата црвена пиперка. Земете шише со распрскувач и во него промешајте вода и малку лута црвена пиперка. Со ова природно средство испрскајте ги вратата и праговите, прозорците и другите отвори низ кои можат да влезат. Мирисот на лутата пиперка би требало да ги држи мувите на далечина.
4. Садете билки кои на мувите им се одбивни, мувите не поднесуваат лаванда, босилек и нане. Посадете ги овие билки во бавчата под прозорецот (ако живеете во куќа) или во саксии што ќе ги поставите на прозорецот. Ако не сакате да садите зачински билки, туку некое украсно цвеќе, најдобро е да посадите невен, бидејќи и тој ги одбива мувите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.