Младинското светско првенство во ракомет во Бразил е можност Светската ракометна федерација (ИХФ) да експериментира со некои нови правила. За првпат во историјата на оваа игра е покажан син картон на еден натпревар.
Словенечкиот судија Давид Сок покажа два вакви картона во финишот од мечот меѓу Франција и Алжир, и тоа двата на алжирските ракометари, Амине Бенаниниба и Софијан Теман.
Сините картони значат не само исклучување на актуелниот натпревар, туку и автоматска суспензија за следната средба, што значи дека Алжир ќе мора да настапи без овие два ракометара на следниот дуел со Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



