Менаџерот на Челси Жозе Мурињо, ја подготвува екипата на најдобар можен начин за одбрана на титулата во Англија. Во врска со тоа јој подготви список од шест играчи на кои нема да смета во следната сезона и ќе се обиде да ги продаде или испрати како заем.
Први на списокот се Салах и Филипе Луиз, за кого повторно е заинтересиран Атлетико Мадрид.
– Ако Атлетико повторно сака да го доведе Филипе ќе мора да испрати официјална понуда, па потоа да седнеме да преговараме. Иднината на Салах, секако, е во некоја друга средина и тој нема да биде во составот за следната сезона. Може да замине како заем, но јас преферирам продажба бидејќи на таа позиција веќе имаме четворица играчи, Вилијан, Траоре, Мозес и Квадрадо – изјави Мурињо.
Квадрадо, исто така, би можел да си замине од тимот бидејќи иако дојде како големо засилување во последниот ден од зимскиот преоден и рок и Челси за него плати повеќе од 23 милиони фунти, не ги снајде најдобро во дресот на сините и не ги оправда очекувањата.
Освен неколку имиња што конкурираа за првиот тим, Челси ќе се раздели и со играчи кои не фигурираа како прва опција. Ајк и Ромеу би можеле да преминат во редовите на Лесетер, бидејќи менаџерот Клаудио Раниери е заинтересиран за нивните услуги.
Исто така од тимот ќе си оди и Патрик Брамфорд кој минатата сезона беше на позајмица во Мидлсборо, а кого Мурињо не го поведе на подготовките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.