| четврток, 6 декември 2018 |

Најмал изложбен простор: телефонска говорница во Виена

Во дворот на виенскиот Центар на независната културна сцена е поставен најмалиот изложбен простор наречен „Кунстзеле“ (Kunstzelle).

Таа е стара телефонска говорница, дел од многуте што се појавија низ светските метрополи на почетокот на минатиот век, а во последната деценија за многу кратко време беа заменети со мобилните телефони и денес на нив гледаме како на реликти од едно минато време.

Проектот е почнат од страна на Кристин Бауман, според која специфичниот облик, но и место на телефонската говорница во минатиот век, комуникацијата, релацијата меѓу јавното и приватното… се само некои од темите што се отвораат во овој процес на реконтекстуализација на говорниците.

Изложбениот простор е пример како со минимални средства може да се ревитализира еден напуштен простор и да стане едно од „уметничките ткива“ на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top